Најбогатиот парламент на светот

Од:

Кинескиот парламент е најбогат во светот, со дури 83 милијардери, според проценки на кинеското списание Харун, пандан на американски Форбс, и секоја година објавува листа на најбогати Кинези.

Бројот на милијардери во кинескиот парламент е зголемен лани за 17 отсто во однос на 2011 година, а нивното просечно богатство е проценето на 3,35 милијарди долари, пренесе Фигаро.

Во еден од двата дома на парламентот, Народното собрание во кое се 3.000 делегати, има дури 31 милијардер. Најбогат меѓу нив, воедно и најбогат Кинез е Цонг Чингоу, сопственик на компанија за безалкохолни и млечни пијалоци Вахаха, чие богатство е проценето на 12,5 милијарди долари.

Во другиот парламентарен дом, Секинескиот народен политички совет од 2.200 делегати, 42-ца се милијардери.

Според проценки на Харун, само лани најбогатите кинески пратеници заработиле повеќе отколку сите 535 членови на американскиот Конгрес, претседателот на САД, неговиот кабинет и девет судии во Врховниот суд.

Член на кинескиот парламент е и најбогатата Кинеска – Ву Јахун, претседателка на Лонгфор пропертис, со богатство од 6,6 милијарди долари. Во составувањето на листата Харун користи само јавни извори на информации.

Би можело да ве интересира

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате