„Кралот на криптовалутите“ До Квон, еден од најголемите измамници на сите времиња кој го бркаа властите на три земји, за време на неговото бегство се криеше во Белград, а неговиот најблизок соработник Хан Чанг Јун во српската престолнина купи луксузен стан за 2 милиони евра во елитна населба. И додека по нив трагаа повеќе полициски сили ширум светот, интересно е и тоа што нивниот сосед во соседната зграда бил висок функционер на српската полиција.
„Кралот на криптовалутите“ кој е обвинет за измама од неверојатни 40 милијарди долари, а неодамна беше уапсен во Црна Гора, некое време живеел во Белград. Според DL news, До Квон се криел во луксузен стан во елитната белградска населба Дедиње, а имотот каде што живеел бил купен за 2 милиони евра.
Тој беше баран од властите на три земји, неговата родна Јужна Кореја, Сингапур и САД за измама од „тешка“ 40 милијарди евра, а Јужна Кореја по него распиша потерница за измама и за кршење на Законот за пазари на капитал. Тој беше уапсен во Црна Гора, на аеродромот во Подгорица на 23 март годинава. За време на бегството извесен период престојуваше и во Белград, во Дедиње, елитна белградска населба во стан вреден два милиони евра, во комплексот „Амбасадор парк“, а зградата се наоѓа на улицата Симе Лозаница.
Документот од катастарот до кој дојде DL news, покажува дека станот дуплекс го купил јужнокорејскиот државјанин Хан Чанг Џун, кој заедно со До Квон бил уапсен кога сакале да побегнат од Црна Гора со приватен авион за Дубаи.
Хан купил и две паркинг места во комплексот „Амбасадор Парк“ во елитната белградска населба Дедиње, каде, како што велат DL news е место каде живеат „дипломати и богати“.
Квон е баран од властите во неколку земји поради неговата улога во колапсот на „Terre“ минатиот мај, што ги чинеше инвеститорите неверојатни 60 милијарди долари. Додека светската полиција го бараше, Квон во Белград со месеци се „криел“ на Дедиње. Новинарите на порталот пишуваат дека не се знае како До Квон успеал толку долго да се крие и да ги избегнува српските власти, иако Интерпол по него распиша меѓународна потерница во септември.