Најавени над 100 нови обвиненија за нападот на Капитол

Од:

Министерството за правда на САД денеска соопшти дека очекува да покрене обвинение против повеќе од 100 лица осомничени за учество во нападот врз Капитол на 6 јануари, наведувајќи дека ова е веројатно најсложената истрага досега.

Повеќе од 300 лица веќе се соочија со обвинувања во врска со опсадата, во која загинаа пет лица и беа повредени повеќе од 130 полицајци, при што илјадници приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп се обидоа да спречат Конгресот да го потврди неговиот изборен пораз.

Министерството објави информации за планираните нови обвиненија во документите доставени до судот, во кои во некои случаи побара дополнителни 60 дена да се соберат докази.

„Истрагата и гонењето на одговорните за нападот врз Капитол веројатно ќе бидат меѓу најголемите во американската историја, како во однос на бројот на обвинети, така и по природата и обемот на доказите“, соопштија федералните обвинители.

Федералното истражно биро (ФБИ) се повеќе е насочено кон осомничени лица поврзани со екстремно десничарски групи како што се „Чуварите на заклетвата“ и „Горди момчиња“.

Повеќе од 900 наредби за претрес беа извршени во речиси сите 50 американски држави и во главниот град Вашингтон.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски