Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин планира в сабота да има средба со Ким Јо Џонг, сестра на сееврнокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, како и со официјални претставници од високата сееврнокорејска делгација, кои утре ќе бидат во Јужна Кореја на отворањето на Зимските олимписки игри.
Делегацијата од Пјонгјанг ќе присуствува на свеченото отворање на ЗОИ, а Мун в сабота ќе има ручек со севернокрејската делгација. Не е соопштено точното време и местото на одржување на состанокот.
Ким Јо Џонг ќе биде првата од севернокорејското владејачка семејство која ќе ја посети јужна Кореја од Корејската војна 1950-1953. Во делегацијата од Пјонгјанг ќе биде и формалниот шеф на државата, претсеателот на Парламентот Ким Џонг Нам.