Најава за нови протести во Хонгконг

Од:

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам изјави дека мерките кои ги предложи Владата оваа недела, меѓу кои е и повлекување на контроверзниот закон за екстрадиција, се прв чекор за решавање на политичките превирања во градот, но тие нема веднаш да ја решат кризата.

Лам оваа недела го повлече законот за екстрадиција, како една од четирите мерки за смирување на демонстрантите, што тие го оценија како „задоцнет чекор“.

Во меѓувреме, Хонгконг се подготвува за коби протести низ градот, на локациите како што се станиците на подземната железница во близина на владините згради.

Исто така, демонстрантите се закануваат дека со протестите претстојниов викенд ќе ги прекинат сообраќајните врски до аеродромот.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше