Нафтениот гигант „ЕксонМобил“ ја тужи ЕУ поради оданочувањето на екстрапрофитот

Од:

Американската мултинационална компанија за нафта и гас „ЕксонМобил“ поднесе тужба против ЕУ поради воведеното оданочување на екстрапрофитот.

Енергетските компании заработуваат многу повеќе пари од продажбата на нафта и гас, благодарение на порастот на цените поттикнати од закрепнувањето на економијата по епидемијата на коронавирусот и загриженоста за снабдувањето откако Западот воведе санкции кон Русија поради војната во Украина.

Европските влади се обидуваат да ги заштитат компаниите и граѓаните од високите трошоци за енергија, а во исто време бараат нови извори на приходи за финансирање на мерките за помош.

Во таков амбиент, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се септември објави план што предвидува „кризен придонес“ од големите производители и добавувачи на нафта, гас и јаглен во форма на даноци за овогодинешниот екстра профит. Брисел предложи да се плати данок од 33 отсто на овогодинешната добивка, доколку таа е за повеќе од 20 проценти поголема од просекот остварен претходните три години.

Американскиот енергетски гигант тврди дека ЕК ги надминала своите законски овластувања, нарекувајќи ја мерката „контрапродуктивна“.

Данокот ги обесхрабрува инвестициите и ја поткопува довербата на инвеститорите, се вели во тужбата поднесена од „ЕксонМобил“ против ЕУ пред Општиот суд во Луксембург, јави „Би-Би-Си“.

На состанокот со инвеститорите на почетокот на месецов, главниот финансиски директор процени дека данокот на ЕУ ќе ја чини групацијата „повеќе од две милијарди долари“.

Во октомври компанијата објави квартален профит од речиси 20 милијарди долари.

Европската комисија соопшти дека „го зема предвид“ правното барање на „Ексон“ и додаде дека „Општиот суд треба да одлучи за случајот“, објави „Фајненшл тајмс“.

Министрите на ЕУ проценуваат дека данокот на дополнителна добивка може да им донесе 140 милијарди евра приход, наведува „Би-Би-Си“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он