Нафтена компанија да плати 19 милијарди долари заради загадување на животната средина

Од:

Еквадорскиот суд и нареди на американската нафтена компанија „Шеврон“ да му исплати до утре на Еквадор 19 милијарди долари отштета поради причинетата штета врз животната средина во еквадорскиот регион на Амазонија.

Компанијата до утре треба или да ги уплати парите или на еквадорското правосудство да му остави на располагање нејзин имот во вредност од 19 милијарди долари, се наведува во одлуката на Судот во амазонската провинција Сукумбиос, во североисточниот дел на земјата.

Доколку „Шеврон“ не ја почитува одлуката на Судот, тогаш тој ќе пристапи кон заплена на имотот на компанијата.

Пресудата против „Шеворн“ е донесена поради штетата нанесена врз животната средина во периодот 1964-1990 година од компанијата „Тексако“, која потоа стана дел од „Шеврон“.

„Шеврон“ поднесе жалба на пресудата до Врховниот суд на Еквадор, кој се уште не се произнел по неа.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници