Надлер: Денеска е свечен и тажен ден, одобрени обвиненијата против Трамп

Од:

Комитетот на Претставничкиот дом на САД ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструкции против американскиот претседател Доналд Трамп.

Конгресниот судски комитет гласаше со 23 „за“ наспроти 17 „против“ за да го одобри обвинението со кое Трамп се товари дека ја злоупотребил службената должност за да изврши притисок врз Украина да го истражи политичкиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој работел во украинска енергетска компанија.

Комисијата, исто така, одобри уште едно обвинение со кое Трамп се товари за опструкција на Конгресот.

– Денеска е свечен и тажен ден. Претставничкиот дом ќе дејствува многу брзо, изјави претседавачот на комисијата Џери Надлер, по гласањето.

Претходно, Комитетот одобри посебно обвинение со кое Трамп се обвинува за злоупотреба на моќта за обидот да ја натера Украина да го истражи Џо Бајден.

Одобрувањето на обвиненијата за импичмент од страна на Комитетот ја поставува основата за гласање од страна на целиот Претставнички дом следната недела, со што ќе заврши процесот на отповикување. Тоа значи дека во рок од неколку недели Трамп ќе се најде на судење во Сенатот, кој е под контрола на републиканците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски