Над сто работници повредени во пожар во фабрика на Филипините

Од:

Најмалку сто работници, меѓу кои и тројца Јапонци се повредени во пожарот, кој изби во голема фабрика, јужно од Манила, соопштија денеска филипинските власти.

Најмалку тројца работници се водат како исчезнати, додека илјадници се сместени на безбедно.

Пожарникарите дури по 18 часа успеаја да го стават под контрола пожарот, но се уште не е целосно изгаснат.

Десет лица меѓу повредените се во критична состојба, изјави претставникот на локалните власти, Хезус Криспин Ремула.

Според него некои од вработените излегле преку прозорците на трикатната фабрика, која произведува делови за монтажни куќи и ги извезува во Јапонија.

Се претпоставува дека пожарот избувнал поради прегревање на некои од машините за производство.

Во фабриката се вработени околу 15 илјади лица, а една третина од нив работеле за време на избивањето на пожарот. Фабриката се наоѓа на 26 километри јужно од Манила.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски