Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Русијаденеска надмина еден милион луѓе откако властите пријавија нови 4.729 новозаразени. Русија е четврта во светот по бројот на заразени, по САД, Бразил и Индија.
Експертите тврдат дека реалниот број на заразени е многу поголем од сите пријавени бројки, како резултат на ограничено тестирање, асимптоматски случаи кои не се тестираат и прикривање на бројки меѓу некои влади, меѓу другите фактори, пренесува Фена. Од денеска, Русија ги укинува најголемиот број од рестриктивните мерки во повеќето од нејзините региони.
Минатиот месец руските власти објавија одобрување на првата вакцина против Ковид-19 во светот – потег на кој западните експерти реагираа со скептицизам и нелагодност бидејќи тестирања биле извршени само на неколку десетици луѓе. Минатата недела, официјалните лица објавија почеток на напредно тестирање на вакцината меѓу 40 000 луѓе.
Останува нејасно дали вакцинирањето на ризичните групи – како што се лекарите и просветните работници – најавено за оваа година, ќе биде дел од масовните испитувања на вакцината или ќе се спроведува паралелно.