Над 90 проценти од Французите сметаат дека Ромите лошо се интегрираат во Франција

Од:

Околу 93 проценти од Французите се на мислење дека Ромите лошо се интегрираат во Франција и истовремено 77 отсто мислат дека министерот за ватрешни работи Мануел Влас имал право да каже дека „Ромите не се интегрираат во Франција“, бидејќи „нештата треба да се кажат јасно“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова се резултатите од испитувањето на инстутутот БВА за весникот „Паризиен“ и телевизијата Итв. Според ова испитување, само 5 проценти од испитаните одговориле дека Ромите добро се интегрираат во француското општество и 2 отсто не се изјаснуваат. Кај симпатизерите на десницата дури 98 проценти од испитаните мислат дека Ромите лошо се интергрираат, додека кај симпатизерите на левицата тоа го мислат 84 проценти.

Испитувањата, исто така покажуваат дека мнозинството од французите го поддржуваат министерот за внатрешни работи, бидејќи само 21 отсто мислат дека тој згрешил и „не треабло да стигматизира дел од населението“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата