Над 800 жртви од поплавите во Индија, Непал и Бангладеш

Од:

Над 800 лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ги зафатија Индија, Непал и Бангладеш во сезоната на монсунските дождови.

Во Бангладеш досега се регистрирани 115 жртви, а 5,7 милиони лица се засегнати од временската состојба во земјата.

Во Непал загинаа 143 лица, а илјадници лица останаа без своите домови.

Останатите жртви, односно над 500 лица, се од Индија, а од поплавите најмногу е засегната северната држава Бихар, во која има 253 загинати.

Кинеските власти денеска соопштија дека повеќе од 530.000 луѓе се повредени во поројните дождови и поплави во источните и централните делови на земјата, јави ТАСС.

Досегашните штети се проценети на 45 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски