Над 700 курдски борци убиени во Ирак од почетокот на офанзивата на ИД

Од:

Над 700 борци од Ирачки Курдистан биле убиени од 9 јуни, кога беше почетокот на масивната офанзива на групата Исламска држава (ИД) врз Ирак, соопшти денеска владата на автономниот регион, цитирана од француските медиуми.

За шест месеца загинале 727 и биле ранети уште 3.564 борци на курдските сили пешмерги, пишува во владиното коминике. Податоците вклучуваат офицери, подофицери, припадници на разузнавањето, полицијата и ветерани пешмерга.

Како исчезнати се уште се водат 34 припадници на курдските сили.

Курдските сили играат многу важна улога во контраофанзивата против ИД.

Би можело да ве интересира

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад