ВИДЕО: Над 70 тела на имигранти се извадени од камионот оставен во Австрија

Од:

Над 70 тела на имигранти  се извадени од камионот, кој беше пронајден вчера на автопат во источна Австрија, во близина на границата со Унгарија и Словачка, изјави портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи.

Според претходните информации стануваше збор за 20 до 50 тела, а пребројувањето на жртвите е тешко поради распаѓањето на телата.

Камионот-ладилник од 7,5 тони беше пронајден вчера претпладне од полициска патрола покрај австирскиот град Пандорф, на 50 километри југоисточно од Виена.

Товарното возило очигледно било оставено, откако возачот утврдил дека нелегалните патници се мртви. Тој ја оставил отворена задната врата на камионот и од неа истекувала течност од телата кои се распаѓале.

Камионот е однесен во зградата на царината за ветеринарни инспекции, која располага со специјални камери, каде експерти по судска медицина работеа цела ноќ на одвојување на телата и на нивно пребројување.

Засега нема информации за идентитетот на жртвите.

Во меѓувреме весникот „Кроне“ јави дека три лица се уапсени во Унгарија во врска со камионот со мртвите имигранти, но австриското МВР не може да ја потврди оваа информација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Приведени двајца криумчари на мигранти

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски