Светската здртавствена организација (СЗО) соопшти денеска дека се уште не ја знае вистинската причина за смртта на над 60 деца кои починаа во Камбоџа од таинствена болест.
Од април во таа земја се хоспитализирани 62 деца, а починаа 61.
Нема, меѓутоа, индикации дека болеста е заразна. Симптомите се висока температура и тешки респираторни проблеми кои брзо напредуваат.
Претставничката на СЗО во Пном Пен соопшти дека лекарите настојуваат да утврдат дали станува збор за нова болест, но засега не дошле до конкретни резултати.