Над 60 бунтовници и војници загинаа во јеменската провинција Ходејда за еден ден

Од:

Во едно деноноќие при судири во провинцијата Ходејда, во западен Јемен загинале над 60 шиитски бунтовници Хути и војници на провладините сили.

Контролата во оваа провинција ја имаат Хутите, а авионите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија и јеменските провладини копнени сили ја засилиле воената кампања таму.

Во последните 24 часа се убиени вкупно 53 Хути во два региони на Ходејда, а повредени се 63 бунтовници.

Меѓу провладините сили има 12 загинати и 19 повредени лица.

Градот Ходејда, главниот административен центар на истоимената јеменска провинција, е од суштинско значење, бидејќи неговото пристаниште на Црвеното Море е главен влез за увозната стока во земјата.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида