Над 57 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирусот

Од:

Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска ја надмина бројката од 57 милиони, а последните милион случаи се регистрирани во последните 36 часа.

Според веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот се регистрирани 57.129.893 случаи на заразени.

Од Ковид-19 досега во светот починале 1.363.451 лице, а 39.630.160 се излекувале.

Во моментов, во светот има 16.136.282 активни случаи на инфицирани со коронавирус.

Најголем број на заразени лица има во САД – над 12 милиони, следна од Индија со речиси девет милиони и Бразил, каде што бројот на заразени од почетокот на пандемијата досега се приближува до шест милиони.

Од европските земји, најпогодена е Франција, која е четврта во светот со 2,08 милиони, а шеста е Русија со малку над два милиона.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана