Над 50 повредени на протестите во Барселона

Од:

Најмалку 51 лице е повредено во денешните протести во Каталонија насочени против централната шпанска Влада, соопшти на Твитер регионалната служба за Брза помош. Според истиот извор, најмалку 30 од повредените се припадници на силите на редот.

Во Каталонија денеска се одржаа серија протести поради седницата на централната Влада во Барселона и посетата на премиерот Педро Санчез.

До моментов се приведени 11 лица.

Дваесетина сепаратистички организации, вклучувајќи го и влијателното Национално собрание на Каталонија, кое во последниве години организираше повеќе митинзи за независност, повикаа на големи демонстрации во центарот на Барселона вечерва, во 18 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Иниеста и официјално се прости од фудбалот

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите