Над 470 настрадани во ураганот Метју на Хаити

Од:

Билансот на настрадани од ураганот Метју на островската држава Хаити достигна 437 лица, соопштија денеска властите

Луѓето сега се борат со недостаток од вода за пиење, храна, и очекуваат што поскоро санирање на своите домови. Во импровизираните засолништа моментално се сместени 175.000 луѓе на кои ураганот им ги урна домовите. Од нив, околу 100.000 се деца, се наведува во соопштението.

Според  локални жители, цената на храната двојно е зголемена, живеалиштата бавно се санираат, а помошта што пристигнува е недоволна.

На властите сега им претстои и борба за запирање на ширењето на колера, што е сериозна закана поради оштетениот водовод. За таа цел, Светската здравствена организација испрати еден милион вакцини против оваа болест.

– Неделно, бележиме по 500 нови случаи на заразени со ова смртоносна инфекција, изјави Доминик Лергос, експерт на СЗО.

Денеска градот Порт о Пренс доби станица за пречистување на вода, што ќе произведува до 250.000 литри вода за пиење на ден. Но, некои области се уште се непроодни и недостапни за испорака на хуманитарна помош.

Обединетите нации апелираа сите луѓе да се вклучат во организацијата на прибирање средства и намирници.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија