Најмалку 40 лица загинаа во експлозија на бомба, чија мета беше публиката на фудбалскиот натпревар во градот Муби на североисток во Нигерија, соопшти полицијата.
-На фудбалскиот терен експлодира бомба, а за сега имаме најмалку 40 жртви – изјави за „Франс прес“ извор од полицијата во Муби.
Инаку во тој град и порано имаш напади од екстремно исламистичката организација Боко Харам.
Е. Г.