Над 4 тони кокаин запленети во Еквадор

Од:

Одделот за борба против наркотици на еквадорската полиција запленила повеќе од четири тони кокаин чијашто вредност се проценува на 260 милиони американски долари, подготвени за транспорт кон Канада и Белгија, пишуваат локалните медиуми.

Товарот бил откриен во пристанишниот град Гвајакил. Полицијата соопшти дека во врска со дрогата биле уапсени пет лица, сите државјани на Еквадор.

Пратката кокаин, којашто можеби е една од најголемите заплени во полициските акции во јужноамериканските земји од почетокот на годинава, била сокриена во контејнер со банани, а била откриена при рутинска контрола. Дрогата била спакувана во пакети со вкупна тежина од 4.4 тони, чијашто вредност се проценува на 260 милиони американски долари.

Од почетокот на 2013 година, во Еквадор се запленети 37 тони дрога, од која повеќето отпаѓа на кокаинот. Во средината на август, исто така, во пристаништето Гвајакил беа откриени 3,2 тони кокаин.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници