Над 4.200 имигранти се спасени во Средоземното Море

Од:

Повеќе од 4.200 имигранти се спасени со европски бродови во неколку операции во Средоземното Море, соопштија денеска италијанската и грчката крајбрежна стража.

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека вчера и рано изутринава спасила 3.427 имигранти во 16 операции во близина на либискиот брег. Француски брод, исто така, учествувал во една од овие акции. Други 220 имигранти пристигнале од Лампедуза, пренесени со пловни објекти на крајбрежната стража.

Грчките власти, пак, соопштија дека спаселе 530 имигранти, од кои повеќето биле од Сирија, Сомалија и Авганистан.

Европските лидери минатиот месец постигнаа договор тројно да го зголемат финансирањето на морските патроли и постигнаа напредок во плановите за можни воени дејствија против шверцерските мрежи, откако 800 лица загинаа во бродолом во Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски

Тимот на Бајден планира да спречи депортација на милион имигранти од Хондурас и Гватемала

Жарко Настоски