Тајландските здравствени власти потврдија дека до денеска се регистрирани над 300 случаи на труење со арсен и концентриран манган што најверојатно биле испуштани од најголемиот рудник за злато во Тајланд. Рудникот кој почна да се експлоатира во 2.001 година го поседуваат австралиски концесионери.
По бројните жалби на локалното население, започнати пред две години, рудникот е привремено затворен и се врши истрага дали сопствениците ги почитувале нормите за заштита на околината од загадување. Локалното население околу рудникот се посомневало дека отпадните води од рудникот им ги загадуваат нивите и минатата година организираа повеќе протести
Сопственицитена рудникот ги демантираа тврдењата дека загадувањето произлегува од процесите за делење на златото од другите метали. Од до сега 700 испитани жители форензичарите нашле сериозни знаци на труење на над 300 лица, од кои голем број се деца.