Над 200 талибански борци им се предале на властите во провинцијата Балх во северниот дел на Авганистан, јавија денеска локалните медими.
– Група вооружени мажи го прифатија повикот на гувернерот и го поддржа мирот во градот Чимтал, изјави претставник на локалните власти, кој побарал анонимнист.
Според него, меѓу талибанците кои им се предале на властите биле и локалните талибански команданти Хан Мохамад и Дава Хан.