Најмалку 22 луѓе се повредени при експлозија на бомба во болница во Бангкок, соопшти тајландската полиција.
За нападот, што се случи на тригодишнината од воениот удар во 2014 година, се уште никој не презеде одговорност.
Во болницата „Пхрамонгкутклао“ се лекуваат првенствено пензионирани воени офицери.
– Експлодира бомба. Откривме елементи од кои била изработена бомбата. Полицијата ги прегледува видео снимките од безбедносните камери на блницата, изјави началникот на полициските деминери Камтхорн Аучароен.
Портпаролот на тајландската Влада, Сансерн Каевкамнерд изјави дека при инцидентот повредени се 24 лица.