Над 19.000 кибер напади на француски интернет страници за една недела

Од:

Шефот за кибер одбрана на Франција адмирал Арно Кустиер денеска изјави дека околу 19.000 француски интернет страници биле жртва на кибер напади во деновите по нападите на исламски екстремисти, во кои загинаа 20 лица.

Според Кустиер голем број напади биле дело на повеќе или помалку структурирани групи, вклучително и некои познати исламски хакерски групи. Досега не сме виделе такво нешто. За првпат земјата се соочува со така голем бран напади, нагласи адмиралот.

Нападите во најголем дел биле насочени кон незначителни откажувања на услуги. Според Кустиер цел на нападите биле разни страници од официјални веб страници на воени служби до интернет страници на пицерии и ресторани.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано