Бројот на сириски бегалци во Турција надминува 1,65 милиони лица, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш на координациски состанок за Сирија, јави ТАСС.
Според Куртулмуш Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации собрала биометриски податоци на 1,53 милиони сириски граѓани, кои се наоѓаат на теритирија на Турција.
До крајот на годината планираме целосно да завршиме со таа работа. Во моментот имаме 22 кампови за бегалци. Во јануари планираме да отвориме нов, 23 камп во градот Ислахије, изјави Куртулмуш.
Турција за сириските бегалци има потрошено околу пет милијарди долари.