Над 160 убиени во битка меѓу армијата на Јужен Судан и бунтовниците во источната држава Џонглеј

Од:

Над 160 лица биле убиени во битката меѓу армијата на Јужен Судан и бунтовниците во источната држава Џонглеј, соопшти официјален преставник, цитиран од британските медиуми.

Претходно овој месец, армијата на оваа африканска држава презеде офанзива против бунтовниците, предводени од Дејвид Јау Јау во Џонглеј, каде владата се надева да почне истражувања за нафта со помош на француската компанија Тотал.

Откако се здоби со независност од Судан, во јули 2011 година, Јужен Судан се обидува да ја наметне својата власт над големи делови земја.

Портпаролот на армијата Филип Агуер изјави дека неговите сили убиле 143 борци од милицијата на Јау Јау во битката во вторникот, источно од градот Пибор.

Во неа загинале и дваесет војници, а 70 лица биле ранети.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска