Над 13.000 Филипинци чекаат евакуација од Либија

Од:

Над 13.000 Филипинци кои работат во Либија не ги разбрале доволно сериозно апелите на филипинската Влада да ја напуштат Либија на почетокот на новата криза, па сега се наоѓаат во незавидна состојба.

За координација на евакуацијата од вчера лично се грижи филипинскиот министер за надворешни работи Алберт дел Росарио, кој допатува во Тунис.

Бидејки речиси и не постои можност за евакуација на странците по воздушен пат, а и поради затворената граница со Египет, Филипините ќе се обидат дел од своите државјани да ги евакуираат со бродови до Малта. Меѓутоа, од неколкуте договорени бродски превози, сопствениците на бродовите откажаа да впловат во Бенгази, а само еден брод денеска најверојатно ќе префрил 1.500 Филипинци на безбедна територија.

Министерот Дел Росарио за медиумите во Манила изјави дека неговите сограѓани во Либија ја одбивале евакуацијата најмногу поради стравот дека во својата држава по враќањето ќе останеле без работа. Најголем дел од Филипинците во Либија работат во здравствените установи и на нафтените постројки.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод