Над 120 лица починаа од топлотен бран во Карачи и регионот

Од:

Топлотен бран предизвика смрт на најмалку 122 лица во најголемиот пакистански град Карачи и други делови во јужната провинција Синд, јавија локалните власти.

Од саботата само во Карачи животот го загубиле 114 лица, а осуммина во три други области на провинцијата Синд.

Температурите во големиот пристанишен град достигнаа во изминатите два дена до 45 степени Целзиусови, што е блиску до рекордните 47 степени Целзиусови регистрирани во јуни 1979 година.

Ситуацијата е дополнително влошена по прекинот на електричната енергија, што го погоди водоводниот систем на Карачи. Градот има 20 милиони жители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица