Над 100 тони радиоактивна вода истекува од јапонската нуклеарка „Фукушима“

Од:

Дури 120 тони радиоактивна вода истекле од резервоарите во затворената јапонска нуклеарна централа „Фукушима“, загадувајќи го околното земјиште, соопшти денеска компанијата ТЕПКО (Токио електрик пауер ко), која управува со нуклеарката.

– Компанијата се уште не ја откри причината за истекувањето, кое е забележано на еден од седумте танкери каде се вода која служи за ладење на реакторите, изјави портпарлот на компанијата Масајуки Оно.

Компанијата планира во текот на следните две недели да испумпа 13.000 кубици вода, кои останале во танкерот, и да ги префрли во други танкери.

Според претставници од компанијата, водата од танкерот, кој истекува и се наоѓа 800 метри подалеку од брегот, не би требало да стигне до морето. Тие не соопштуваат колку долго водата од танкерот истекува.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија