Компанијата Samsung се пофали дека продала повеќе од 100 милиони мобилни телефони од сите три генерации на серијата Galaxy S.
Серијата беше лансирана во мај 2010 година. Најголем дел од продажбата отпаѓа на Galaxy S3.
Дневно во светот се продаваат по 190.000 парчиња од оваа генерација, односно за само седум месеци се продадени 40 милиони парчиња.
Претходникот, Galaxy S2, стаса до таа бројка по 20 месеци. Епл пак досега продал 250 милиони ајфони, но овој мобилен телефон беше исфрлен на пазарот во јуни 2007 година.