Во пакет со банани во супермаркет во околината на Прага се најдени над 100 килограми кокаин, што е најголема количина во чешката историја и тоа најдена случајно, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Дрогата, чија вредност на црниот пазар е околу 38 милиони евра била испратена од Колумбија и се претпоставува дека била наменета за некоја од западно-европските земји и дека шверцерите не успеале да ја извадат навреме.
Според полицијата, дрогата била спакувана посебно и не се помешала со овошјето.
Истрагата ја води полицијата за борба против дрогата со царинското Одделение за откривање дрога и засега се открива дека ланецот супермаркети, за кои некои тврдат дека е ,,Лидл” не е поврзан со доставата на дрога.
Сличен случај беше откриен и во Шпанија во 2010 година во банани кои требале да се продаваат во супермаркети на „Лидл“ во Мадрид.