Над 100.000 лица ширум Франција излегоа низ улиците во спомен на жртвите од нападот на „Шарли ебдо“

Од:

Повеќе од 100.000 лица излегоа на улиците ширум Франција во спомен на жртвите на крвавиот напад врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“.

Според полицијата, во Париз 35.000 луѓе се собраа на плоштадот Република, кој се наоѓа во близина на просториите на медиумот. Многумина носеле црна лента или натпис „Јас сум Шарли“, оддавајќи им почит на 12-те жртви во нападот.

Во вториот по големина француски град Марсеј се собрале 7.000 граѓани, додека во Лион меѓу 10 и 15 илјади лица. На митингот во градот Тулуз присуствувале околу 10.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата