Над 1.700 трактори и 5.000 земјоделци влегоа во Париз

Од:

Над 1700 трактори и пет илјади земјоделци од рано изутринава ја започнаа големата акција на блокирање на париските улици во знак на протест поради кризата со пласманот на нивните производи, што не ги задоволува елементарните трошоци, јавува дописникот на МИА од Париз.

Опсадата на Париз започна изутринава пред 6 часот, кога првите трактори пристигнаа на вратите од француската престолнина, по што се упатија на плоштадот „Насион“, каде ќе останат се до приемот на нивната делегација од страна на францускиот премиер Мануел Валс.

Француската влада се обидува да наметне гарантирана цена за откупот на свинското месо, чија цена е на најниското ниво во последниве години, посебно по забраната за увоз на европски производи од страна на Русија и зголемената конкуренција на европскиот внатрешен пазар.
На протестот на француските земјоделци и сточари со симпатии гледаат и нивните колеги од соседните европски земји, при што не се исклучува заедничка акција на европско ниво.

Во Франција, за разлика од соседна Германија, каде синдикатите не се многу силни, француските се многу поорганизирани и успеваат со блокади на улиците и патиштата да изнудат отстапки од владата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата