Над 1.000 луѓе се пријавиле за пат на Марс

Од:

Над 1.000 луѓе се пријавиле на конкурсот на приватната холандска компанија “Mars One”, која што врши селекција на астронаути за лет на Марс во 2023 година.

Компанијата со седиште во Амерсофт соопштува дека военото искуство, обученоста за пилотирање или факултетската диплома не се неопходни предуслови за аплицирањето.

Наместо тоа, поважно е кандидатите да бидат интелигентни, со добро ментално и физичко здравје, како и да бидат подготвени цели осум години од својот живот да ги посветат на обуките за летот на црвената планета.

Барани квалитети се подготвеноста за изградба и одржување на здрави односи, длабока свест за експедитивност, стабилност на личноста и способност да има доверба во другите луѓе.

Компанијата се надева дека во 2023 година ќе испрати четири астронаути на Марс.

Сузан Флинкенфлогел, директор за комуникации во фирмата “Mars One”, вели дека било какво формално образование или искуство може да биде корисно, но сите вештини кои што на луѓето им се потребни за на Марс ќе бидат совладани во текот на обуката.

Потенцијалните кандидати за астронаути би требало внимателно да го прочитаат текстот на конкурсот напишан со ситни букви во кој стои дека секој кој ќе го помине програмот и ќе одлета на Марс, тој таму и ќе остане до крајот на животот.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ