Нуркачи открија потопена нацистичка подморница во североисточното американско крајбрежје.
Подморницата У-550 била потопена од американски воен брод крај бреговите на островот Нантакет во државата Масачусетс во април 1944 година. Четириесет и четири лица загинале, а 12 преживеале.
Германската флота од подморници се обидуваше да го пресече испраќањето на американски сили во Европа и успеа да потопи неколку американски бродови со торпедни напади.
Според нуркачите, подморницата била во добра состојба.