Началникот на полицијата на Мексико Сити поднесе оставка

Од:

Началникот на полицијата на Мексико Сити, Хесус Родригес Алмеида поднесе оставка по масовните протести, кои беа организирани во градот поради киднапирањето на 43 студенти кон крајот на септември во западниот дел од земјата.

За оставката на полицискиот начелник соопшти градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Анхел Мансер, кој не ги објасни мотивите за ваквата одлука на Алмеида.

Според експерти, причина за оставката се сериозните критики упатени кон полицијата при обезбедувањето на редот за време на протестите, кои се одржуваа во Мексико во последните недели. За време на собирите анархистички групи повеќе пати провоцирале насилство, напаѓале трговски објекти и причинувале штети врз административни згради.

На 23 септември во градот Гереро, во државата Игуала, 43 студенти беа киднапирани од корумпирани полицајци. Според властите, полицајците им ги предале студентите на наркогрупа, која ги убила и потоа ги запалила нивните тела. Во рамки на истрагата досега се уапсени 80 лица, за кои се претпоставува дека се вмешани во злосторството.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД