Началникот на ГШ на шпанската војска поднесе оставка, обвинет дека се вакцинирал преку ред

Од:

Началникот на Генералштабот на шпанската армија, генерал Мигел Анхел Вилароја денеска поднесе оставка по обвинувањата дека примил вакцина против Ковид-19 преку ред, односно пред приоритетните групи.

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес побара објаснување од генералот Мигел Анхел Вилароја, а Министерството подоцна во образложението за оставката соопшти дека генералот „никогаш немал намера да искористи привилегии што ќе го нарушат угледот на вооружените сили и ќе ја доведат во прашање неговата чест“.

Се наведува дека Вилароја „носел одлуки за кои сметал дека се правилни“, но кои „го нарушиле угледот на вооружените сили“.

Од крајот на минатиот месец е забележано зголемување на бројот на новозаразени случаи во Шпанија. Вчера се евидентирани 42.885 нови случаи, а починале уште 400 граѓани. Досега, вкупно 55.441 лице починале од Ковид-19 во таа земја.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени