На Велика Британија и се заканува тужба од ЕУ поради евтини кинески производи

Од:

Европската комисија ја предупреди Велика Британија дека има два месеца да отплати 2,7 милијарди евра европски приходи изгубени поради „немарноста“ на британските царини пред напливот на евтини кинески производи на внатрешниот пазар на ЕУ.

Тоа е второ предупредување од Брисел до Лондон, а доколку нема решение за два месеца, Велика Британија може да се најде пред Европскиот суд за правда, посочи денеска ЕК.

Европското тело за борба против корупција, ОЛАФ, утврдило дека британските власти „замижале“ пред „масовен шверц“ на „ултра евтини“ кинески производи што на европскиот пазар влегле преку две британски пристаништа.

Станува збор пред се за текстилни производи и за обувки.

„Постојаната немарност“ како што ја нарекува ОЛАФ на британските власти ја чинела Европската унија речиси две милијарди евра бидејќи не биле наплатени предвидените царини и давачки.

Велика Британија треба да исплати две милијарди евра директно во буџетот на ЕУ за да ја надомести штетата.

Одлуката е во време кога преговорите за напуштањето на Велика Британија на ЕУ се во една од најтешките фази.

Би можело да ве интересира

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори