На унгарските бездомници од денеска им е забрането да спијат на јавен простор

Од:

Во Унгарија денеска стапува во сила Законот со кој им се забранува на бездомните лица да спијат на јавен простор.

Уставниот амандман, кој беше усвоен од страна на Парламентот на 20 јуни по иницијатива на унгарската Влада, го заострува законот од 2013 година со кој се казнува спиење на јавен простор.

Бранителите на човекови права коментираат дека заканата од затвор за сторителите не е веројатно дека ќе го реши проблемот со луѓето што спијат на улиците и велат дека се потребни повеќе пари за да се спречи појавата на нови бездомници и овозможување покрив над главата за нив.

Според неофицијални податоци, во главниот град Будимпешта, има 30.000 бездомници. Унгарската Влада тврди дека има 9.800 места за преспивање во социјалните центри и веќе одобри 9,1 милијарди форинти (32,2 милиони долари) за помош на бездомниците.

Во јуни, известителот на ОН за домување Лејлани Фарха ја опиша подготвената мерка против бездомниците на Унгарија како „сурова и неспоива со меѓународниот закон за човекови права”.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта