Осумгодишната Емили Палмер од Херефордшир во Велика Британија, која пред две години доби воспалените на белите дробови, животот го поминува во инвалидска количка.
Девојчето отсекогаш имала желба да се вози во розово Ламборџини, но не верувала дека нејзината желба ќе и се оствари, се додека на сцената не стапило хуманитарното здружение „Рајс оф саншајн“ (Rays of Sunshine).
Поточно, тие успеале да пронајдат сопственик на Ламборџини Авентадор, подготвен да го позајми својот автомобил. Сопственикот на луксузниот автомобил немал ништо против неговиот автомобил привремено да биде обоен розово.
Емилија имала уште една желба, а тоа било за воланот да седи Ричард Хамонд од „Топ геар“ (Top gear). Хамонд се согласил да учествува во хуманитарнаta акција. Дојде по девојчето во „кочијаta од соништата“, а потоа ја возеше по аеродромска писта.
Хамонд рече дека за него било привилегија да учествува во инспиративна, позитвна и единствена можност.
– Емили беше многу шармантна и преубава. Мислев дека ќе биде срамежлива, но таа цело време зборуваше. Навистина е инспиративно колку луѓето можат да бидат храбри, рече Хамонд.
Мајката на Емилија, Рајчел воодушевена се заблагодари на сите кои помогнаа да се оствари животната желба на нејзината ќерка.
– Беше тоа фантастичен ден кои сите ќе го памтиме, наведе Рајчел Палмер.