На Светскиот ден на слободата на печатот, европратениците дебатираа со Комисијата како да се заштитат новинарите и да се зајакне слободата на печатот

Од:

На Светскиот ден на слободата на печатот, европратениците дебатираа изутринава со Комисијата како да се заштитат новинарите и да се зајакне слободата на печатот. Во таа прилика ЕП официјално го објави повикот за номинации за второто издание на наградата за новинарство Дафне Каруана Галиција, јави дописникот на МИА.

Оваа награда секоја година оддава признание за извонредното новинарство кое ги промовира и брани вредностите и принципите на ЕУ, како што се човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и човековите права.

Претседателката на ЕП Роберта Мецола во таа прилика порача:

-Пораката од Европскиот парламент е јасна: Европа е на страната на оние кои ја бараат вистината. Дафне беше замолчена затоа што ја расветли вистината и никогаш не смееме да дозволиме новинарите да станат мети или жртви. Со оваа награда, Европскиот парламент ќе продолжи да ги брани слободата на изразување, плуралноста на медиумите и квалитетното новинарство и ќе придонесе за пренесување на овие вредности на идните генерации.

Наградата е отворена за новинари и професионални новинарски тимови од сите националности кои имаат можност да поднесат детални написи објавени или емитувани од медиуми со седиште во една од 27-те земји-членки на ЕУ. Целта е да се поддржи и истакне улогата на професионалното новинарство во заштитата на слободата и еднаквоста.

Независно жири составено од претставници на печатот и граѓанското општество од 27 земји-членки и претставници на главните европски новинарски асоцијации ќе го избере победникот. Доделувањето на наградите ќе се одржува секоја година околу 16 октомври, датумот на убиството на Дафне Каруана Галиција.

Наградата е со дотација од 20.000 евра и ја покажува силната поддршка на Парламентот за истражувачкото новинарство и важноста на слободата на печатот. Во последниве години, Парламентот предупредуваше на обидите и во ЕУ и пошироко да се поткопа медиумскиот плурализам. Европратениците ги осудија нападите врз новинарите, вклучително и од политичарите, и ја повикаа Комисијата да воведе закон против злонамерното гонење. На 27 април беше даден предлог за борба против злонамерните судски спорови против новинари и активисти.

Дафне Каруана Галиција беше истражувачка новинарка од Малта, борец за борба против корупцијата и блогер која се фокусираше на корупцијата, перењето пари, организираниот криминал, продажбата на државјанства и врските на владата на Малта со Панамските документи. Откако беше малтретирана и добиваше закани, таа беше убиена во експлозија на автомобил-бомба на 16 октомври 2017 година. Негодувањето поради постапувањето на властите во истрагата за нејзиното убиство на крајот доведе до оставка на премиерот Жозеф Мускат. По неуспесите на истрагата, во декември 2019 година европратениците ја повикаа Европската комисија да дејствува.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска