На Шри Ланка прогласена вонредна состојба поради големите протести

Од:

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса прогласи вонредна состојба, давајќи и пошироки овластувања на војската поради зголемените демонстрации против Владата, изјави во петокот портпаролот на кабинетот на претседателот.

Со тоа и се даваат овластувања на војската да апси и да приведува луѓе и да ги контролира јавните протести, наместо само полицијата да има такво овластување.

Овој потег уследи откако десетици илјади луѓе учествуваа на улични протести барајќи од претседателот Раџапакса и неговата влада да се повлечат, поради што не работеа училиштата, владините служби и трговијата.

Во градовите за време на демонстрациите низ целата земја беа поставени црни знамиња.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска