На Шон Пен и Бен Стилер им е забранет влез во Русија

Од:

Русија им забрани влез во земјата на американските актери Шон Пен и Бен Стилер, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Холивудските ѕвезди се додадени на списокот од 25 американски државјани кои се додадени на „црната листа“ како одговор на новите лични санкции на Вашингтон против Русија.

На списокот има поединечни членови на Конгресот на САД, високи функционери, претставници на деловната и професионалната заедница, како и личности од светот на културата.

Бен Стилер и Шон Пен отворено го покажаа своето противење на рускиот напад на Украина и го поддржаа Киев.

Стилер неодамна беше во Украина каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски, додека Пен, кој снимаше во таа земја во времето кога започна војната, даде серија изјави за поддршка на Киев и изразување уверување во победата на Украина.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он