На севернокорејскиот брод запленет во Панама откриена и муниција

Од:

На севернокорејскиот товарен брод што ислпови од Куба и кој минатиот месец беше задржан во Панамксиот Канал, е откриена и муниција, соопшти државниот обвинител на Панама, Хавиер Карбаљо.


Карбаљо нагласи дека станува збор за минофрлачки гранати и „друг вид муниција“, без конкретно да прецизира за каква муниција станува збор. Тој нагласи дека сандаците со муниција биле откриени од кучиња-трагачи обучени да намирисаат експлозив.


Во царинската декларација севернокорејскиот број стои дека тој превезувал само шеќер. Меѓутоа, при поверката на бродот во Панама под вреќите со шеќер беше откриена кубанска воена опрема.


Властите во Хавана тогаш соопштија дека станува збор за стари авиони и ракети кои ги испраќаат на ремонт во Северна Кореја, по што ќе бидат вратени на Куба, но никаде не споменаа дека „воениот транспорт“ содржи и муниција.


Куба засега не ги коментираше новите сознаија што ги обелодени Карбаљо.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска