На сенатските избори во Чешка победија демохристијаните

Од:

На изборите за една третина претставници во чешкиот Горен дом – Сенатот најмногу гласови освои Христијанската и Демократска унија – Чехословачката народна партија – КДУ-ЧСЛ, јави дописникот на МИА од Прага.

Демохристијаните освоија девет мандати, движењето АНО три, а најголемата партија Социјалдемократската партија ЧССД само два мандата, исто како и опозициските ОДС (Граѓанско-демократската партија) и ТОП 09.

Аналитичарите истакнуваат дека како победници можат да се сметаат и здружените Градоначалници, кои освоија нови три мандати, односно во коалиција вкупно пет мандати. Според анализите, за победата на демохристијаните е заслужна слабата излезност на гласањето, која се движи околу 15 проценти.

Претседателот на КДУ-ЧСЛ, актуелниот вицепремиер Павел Бјелобрадек изјави дека „сега не е време за славење туку за работа”.

Премиерот Бохуслав Соботка коментирајќи ги слабите резултати на неговата партија ЧССД во вториот круг на сенатските избори, потенцираше дека тоа е поттик за отворена дискусија во партијата како да се подобри работата на членовите и функционерите.

Вториот круг на изборот за една третина од составот на Сенатот, односно 27 мандати, се одржа од вчера во вечерните часови до денеска во 14.00 часот.

Интересот на гласачите беше традиционално низок и првиот ден кога на гласање излегоа околу пет проценти од регистрираните гласачи.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница