На реката Влтава во Чешка повторно трет степен на опасност од поплави

Од:

Нивото на реката Влтава во јужниот дел на Чешка од синоќа повторно е зголемен и достигна трет степен на опасност од поплави, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Чешкиот хидрометеоролошки завод (ЧХМУ), прв степен на опасност од поплави има на неколку десетици речни текови во Републиката, а втор степен на ризик од поплавување е прогласен на реката Лаба во местата Усти над Лабем и Дјечин.

Тој регион, Устецкиот, беше највеќе зафатен со поплавите минатата недела поради поројните дождови каде беа загрозени околу седумдесетина општини. Своите домови ги напуштија 11.000 луѓе и штетите беа проценети на повеќе од 120 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски