На познат тајландски интелектуалец ќе му се суди за навреда на монархијата

Од:

На славниот интелектуалец Сулак Сирвакса, кој сега има 82 години, ќе му се суди поради навреда на тајландски крал кој починал пред 400 години.

Сирвакса е многу познат историчар, кој се образувал во Велика Британија, а ќе биде обвинет поради тоа што на еден семинар на историчари сијамскиот (тајландски) крал Наресуан, кој починал во 1.605 година, го нарекол злосторник.

Познатиот историчар го пријавиле двајца пензионирани тајландски офицери, кои биле учесници на семинарот за корените на будизмот. Доколку биде прогласен за виновен, што е многу веројатно, бидејки судовите во Тајланд до сега не ослободиле ниту еден обвинет за навреди на монархијата, Сирвакса може да добие казна до 15 години затвор.

Тајланд од 22 мај годинава е под воена управа, која воведе цензура во медиумите и ја ограничи слободата на изразување. Покрај оние што би го навредиле кралот, судени и затворени ќе бидат и оние што јавно ќе ги критикуваат сегашните власти.

Враќањето на медиумските и граѓанските слободи во Тајланд е најавено за 2016 година, кога треба да се донесе нов Устав на државата и да се организираат нови општи избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач