На повидок договор на Владата во Авганистан со бунтовничка група

Од:

Во следните неколку дена се очекува финализирање на мировниот договор меѓу авганистанската Влада и бунтовничка групи, што е значаен чекор во обидот да се запре 15-годишната војна во државата, соопштија денеска авганистански официјален претставник и претставник на бунтовниците.

Договорот со оруженото крило на Хезб-и-ислами може да биде постигнат утре по две години преговори, изјави заменик шефот на Високиот совет за мир со седиште во Кабул, Атаул Рахман Салим.

Од друга страна, Амин Карим од групата Хезб-и-ислами рече дека очекува авганистанскиот претседател Ашраф Гани утре да одобри конечна верзија на договорот.

Со документот групата се обврзува да престане да води војна против владата во кабул, да го почитува Уставот и да ги прекине контактите со други вооружени анти-владини групи.

Западни аналитичари сметаат дека договорот со владата може да биде примет за каков било договор во иднина со талибанците.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан